Репрезентацијата на Бразил има намера да го назначи Пеп Гвардиола за селектор по Мундијалот во Катар.
Наводно бразилската федерација смета дека Гвариола е виситнски наследник на Тите, кој заминува после Светското првенство 2022 година.
Федерацијата веќе имала контакт со Пере Гвардиола, неговиот брат кој е воедно му е и агент. На Пеп му се нуди договор до следниот Мундијал во 2026 година, а ќе зема 12 милиони евра годишно.
Шпанецот има договор со Сити до 2023 година, и веројатно ќе си замине по завршувањето на истиот, а шпекулациите велат дека ова му е последна сезона на „Етихад“, особено ако не успее да го подигне трофејот во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА