Манчестер сити доживеа неочекуван убедлив пораз од Лестер на домашен терен од 2-5 во 3. коло од Премиерлигата.
И покрај тоа што „граѓаните“ поведоа брзо со голот на Махрез уште во 4. минута, потоа следеше вистинско шоу на Џејми Варди кој постигна хет-трик за 1-3. Најпрво од пенал Варди погоди во 37. минута, потоа во 54. минута постигна феноменален гол со пета за 1-2 а во 58. минута заокружи повторно од пенал на 1-3.
Мадисон во 77. минута постигна евро-гол за 1-4, Аке во 84. минута намали на 2-4, а Тилеманс во 88. минута ги постави конечните 2-5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА