Пеп: Играчите не може да не се радуваат заедно, тоа е инстинкт

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го коментираше антиковид протоколот, за кој судиите на натпреварите од Премиерлигата ќе се погрижат што е можно повеќе да ја почитуваат социјалната дистанца. Сепак, шпанскиот стручњак не е сигурен дека играчите ќе можат да ги следат препораките за време на еден натпревар.

Судиите мора да ги предупредат играчите доколку се доближат едни до други, а тоа се однесува особено на прославите на головите кога играчите играчите традиционално најчесто се прегрнуваат.

„Ќе го почитуваме она што ни го соопшти Премиер лигата, ќе се обидеме да ги следиме сите протоколи, но не сум сигурен дали ќе успееме“, изјави менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по победата на „граѓаните“ над Брајтон во ФА купот.

Во претходните денови, Велика Британија забележа најголем број на заразени лица од ковид-19 од почетокот на епидемијата во оваа земја.

„Јас целосно ја разбирам намерата. Кога сме во затворено, сите ја почитуваат социјалната дистанца. Ние мора да го почитуваме тоа. Сепак, надвор, на теренот, во момент на вистинска радост, тоа е инстинктивна реакција. Тешко е и не знам дали ќе можеме да ја контролираме прославата “, додаде Шпанецот.

Се вчитува...