Пеп има две јануарски опции за наследник на Родри

Повредата на Родри дефинитивно е главната причина за огромната резултатска криза на Манчестер Сити, па актуелниот англиски првак е подготвен да реагира и во овој преоден рок да доведе нов играч на позицијата последен фудбалер за врска.

Оваа позиција е клучна во тактичките замисли на тренерот Пеп Гвардиола, кој наводно ставил две имиња на својата листа со желби, двајца фудбалери кои моментно настапуваат во италијанската Калчо-лига. Првиот е Даглас Луиз, Бразилецот која лани беше одличен во дресот на Астон Вила, летово се пресели во Јувентус, но воопшто не се адаптираше во таборот на „старата дама“ и сега размислува за камбек на „островот“. Луиз е проценет на 40 милиони фунти, но позитивно за Сити е што Јуве би прифатил и понуда за шестмесечна појамица доколку условите бидат задоволителни.

Втората опција за Манчестер Сити е Николо Ровела, италијанскиот репрезентативец кој игра во одлична форма во дресот на Лацио. Римскиот клуб се договори за двогодишна позајмица на Ровела од Јуве со клаузула за задолжителен откуп следното лето, но согласно договорот „лацијалите“ би можеле да го продадат овој фудбалер веќе во текот на зимава. Ако се знае дека договорот со Јувентус е за отштета од 17 милиони евра, а понудата на Сити изнесува 40 милиони евра, јасно е зошто Клаудио Лотито сериозно размислува да даде зелено светло и добро да заработи на овој фудбалер.

Се вчитува...