Пеп Гвардиола по минатото дерби со Ливерпул се пожали на слабата реализација на неговите фудбалери кога станува збор за пеналите (непрецизен на „Енфилд“ беше Гундоган), најавувајќи дека следниот удар од белата точка ќе го изведе Едерсон.
Токму затоа бразилскиот голман беше највозбуден откако на денешното дерби со Тотенхем беше досуден пенал за Сити, тој дури и истрча кон противничката половина за да го изведе ударот… за да му биде кажано да си се врати назад на сопствениот гол.
Изборот на Гвардиола денеска падна на Родри, а Шпанецот ја оправда довербата рутински реализирајќи го пеналот за водство на Сити од 1-0
Ederson ??pic.twitter.com/kWXzY4tXMS
— ???? ????? (@Fastgoal2) February 13, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

