Пеп конечно го победи Тухел, Астон Вила го шокираше Јунајтед

Манчестер Сити славеше на гостувањето против Челси со 0-1, прекинувајќи ја еријата од три победи што Томас Тухел ги имаше над Пеп Гвардиола, воедно и одмаздувајќи се за поразо во финалето од Лигата на Шампионите. Од самиот почеток стана јасно дека гостите е максимално мотивирани, со беспрекорен пресинг оставајќи ги без идеја актуелните европски шампиони. Сити изведе дури девет корнери во првото полувреме, но дисциплинираната одбрана на Челси одолеа на тие налети. Како пресуден се покажа погодокот на Габриел Жезус, кој шутираше од вртење, топката закачи еден од домашните фудбалери и го измами Менди, завршувајќи во долниот агол од голот на домаќините.

По примениот гол избраниците на Тухел ја отворија играта, но немаа сили за да се вратат бидејќи Сити беспрекорно го одигра мечот од почеток до крај, сосема заслужено стигнувајќи до трите бода, воедно и нанесувајќи му го првиот пораз на Челси во новата сезона.

Астон Вила приреди големо изненадување триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против Манчестер Јунајтед. Фудбалерите на Вила одлично го неутрализираа Кристијано Роналдо, а во прилог им одеше и себичноста на Гринвуд, кој во неколку одлични ситуации солираше наместо да проигра некој од соиграчите. Казната стигна во самиот финиш, кога по корнерот на Даглас Луиз на вистинско место се најде Хаус, совладувајќи го Давид де Хеа. Јунајтед имаше стопроцентна шанса за гол откако беше досуден пенал во 92. минута, Фернандеш ја еде топката пред Кристијано Роналдо, но португалскиот плејмејкер шутираше високо над гредата.

Уште поголем проблем за Солскјер е фактот дека повреди на овој натпревар заработија двајца од четирите стандардни дефанзивци, и тоа англиските репрезентативци Шо и Мегваер.

Се вчитува...