Пеп: Моја беше одлуката да го оставам Де Брујне на клупата

Иако оваа сезона не блеска како во минатото, се очекуваше Кевин де Брујне да биде стартер за Манчестер Сити на реваншот против Реал Мадрид во плеј-офот во Лигата на шампионите.

Наместо тоа, Пеп Гвардиола се одлучи да го остави на клупата за резерви, исто како и Ерлинг Халанд. И додека Халанд имаше повреда, оставањето на Де Брујне на клупата е од тактичка природа.

„Де Брујне не стартуваше против Реал Мадид, и тоа беше моја одлука. Не е повреден. Јас ги носам одлуките тука. Нормално дека сметам дека и натаму може да игра многу големи натпревари и да придонесе за ндјобро на тимот. Секако дека можеше да игра против Реал Мадрид, но одлуката е моја да не играм. Впрочем, тој играше на првиот меч против Реал“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...