Пеп му посака „добредојде“ на Грилиш: Кариерата во Сити ќе ја стартуваш од клупата за резерви

Новата сезона во Англија традиционално започнува со натпреварот помеѓу шампионот, во овој случај Манчестер Сити и победникот во ФА Купот Лестер, а менаџерот на „Граѓаните“ Пеп Гвардиола објави дека најскапиот фудбалер во историјата на англискиот фудбал Џек Грилиш ќе игра на Вембли (сабота, 18,15 часот), но ќе стартува од клупата за резерви.

Грилиш пристигна во Манчестер Сити од Астон Вила и беше платен за рекордени 100 милиони фунти (околу 117 милиони евра).

„Грилиш не е подготвен за почеток на натпреварот, тренираше само со нас една недела, но ќе патува со тимот, ќе биде на клупата, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Она што е сигурно е дека тој нема да биде во стартниот состав“, рече Пеп Гвардиола во најавата за натпреварот.

Менаџерот на Сити во моментов има поголеми проблеми, а тоа е отсуството на Кевин Де Брујн и Фил Фоден, кои не се во конкуренција за дуелот со Лестер. Искусниот Белгиец претрпе оштетување на лигаментите на глуждот на ЕВРО 2020, додека младиот Англичанец има проблеми со стапалото.

 

 

 

Се вчитува...