Манчестер Сити успеа да врзе неколку победи во Премиер-лигата, но Пеп Гвардиола не отстапува од своето барање до управата да му бидат доведени нови фудбалери уште во јануарскиот преоден рок. Поради ова, англискиот првак ги интензивираше преговорите за ангжаман на Омар Мармуш, 24-годишниот офанзивец кој има блескава полусезона во дресот на Ајнтрахт Франкфурт.
Египетскиот офанзивец кој го доби прекариот „новиот Салах“ блеска за Ајнтрахт игра во животна форма, постигнувајќи 18 гола и 11 асистенции на 24 средби во сите натпреварувања оваа сезона. Сити ги следеше неговите настапи, но беше најавено дека се подготвува понуда од 50 милиони фунти за летен трансфер на Мармуш. Сепак, инсистирањето на Гвардиола ќе го забрза процесот, па „граѓаните“ веќе постигнале договор со самиот играч за јануарска преселба, но сега им следи потешкиот дел од задачата – да ја договорат отштетата со Ајнтрахт.
Германскиот клуб не сака ни да чуе за продажба среде сезона на најдобриот фудбалер. Доколку тоа мора да се случи, клубот од Франкфурт ќе инсистира на загарантирани 70 милиони фунти отштета, плус бонуси, па на потег се челниците на Сити, дали ќе ги прифатат овие услови или ќе го насочат вниманието кон другите опции на пазарот, достапни за пониска отштета во јануарскиот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА