Манчестер Сити се пласираше во осминафиналето на ФА Купот со триумф од 2-0 против Салфорд.
И покрај тоа што неговиот тим избори пласман во следната фаза, Пеп Гвардиола не го криеше незадоволството од играта.
„Ќе биде убаво да кажам дека сме исцрпени, дека сме уморни. Зад нас се две или три тешки недели од многу причини. Но, тоа е нашата работа. Мораме да го правиме тоа што се бара од нас. Ако календарот вели дека ќе играме секој ден, тогаш ќе играме. Не ја читавме играта и затоа се беше едноставно, споро.. не беше добро“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

