Пеп одобри продолжување на договорот со Стерлинг

Манчестер Сити наскоро ќе почне преговори за продолжување на договорот со Рахим Стерлинг. Крилниот фудбалер има договор до 2023 година, и многу се шпекулира за негово заминување, но менаџерот Пеп Гвардиола дал дозвола раководството да преговара за нова соработка.

Доколку не успее да се најде заеднички јазик, тогаш Сити е подготвен да го продаде Стерлинг летото за повеќе од 50 милиони фунти.

Стерлинг оваа сезона даде 10 гола на 22 меча. Тој во Сити дојде од Ливерпул во 2015 година за 44 милиони фунти плус бонуси од пет милиони.

Се вчитува...