Менаџерот на Манчстер Сити, Пеп Гвардиола на прес-конференцијата пред дуелот со Ливерпул, зборуваше во суперлативи за својот колега Јирген Клоп.
На прашањето дали смета дека ова е последен пат што ќе се сретнат меѓусебно во кариерата, Шпанецот не се сложи, истакнувајќи дека очекува одново да им се сретнат патиштата.
„Мислам дека ова нема да биде последниот дуел меѓу мене и Клоп. Можеби ќе играме во ФА Купот оваа сезона. Но јас сум млад, тој е млад. Од секогаш ми било задоволство да играм против него, и ткаа ќе биде и во недела. Ова ќе биде добра битка, и ќе се обидеме да ја победиме. Начинот на кој играат неговите екипи ме одржува понатаму. Целосно ја почитувам неговата одлука, но имам чувство дека порано или подоцна ќе се врати. Го сака фудбалот и страста му е во фудбалот“, рече Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА