Пеп: Сити е прв во Англија, но јас немам време да мислам на табелата

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не сака неговиот тим да влезе во еуфорија, и покрај фактот што неговите играчи ја забележаа 11-та последователна победа во сите натпреварувања. Сити синоќа го декласираше тимот на ВБА со 0-5, два гола постигна Гундоган, а по еднаш прецизни беа Кансело, Марез и Стерлинг.

„Граѓаните“ сега се први на табелата со 41 бод, еден повеќе од градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

„Табелата е последното нешто што ми паѓа на ум во моментот. Сакам да се вратам дома, да се одморам во следните неколку дена и да мислам само на натпреварот со Шефилд Јунајтед. Остануваат уште 19 натпревари до крајот на овој неверојатен маратон. Можеби повторно ќе губиме бодови во претстојните натпревари, но важно е да останеме смирени – останавме така и кога бевме на 12-то место, важно е да разбереме зошто не победивме и да се обидиме да победиме на следниот натпревар. Ова е Премиер-лига, многу е тешко за сите, но сега сме во добра серија“, изјави Гвардиола.

Шпанскиот стручњак вели дека е задоволен од целата игра против ВБА, освен во првите две-три минути.

„Тогаш не можевме да излеземе од казнениот простор, а после почнавме да играме добро. Освен почетокот на сезоната и дуелот со Лестер, ние не дозволивме да примаме многу голови, нашите дефанзивни играчи сега се концентрирани во сите 90 минути. Рубен и Џон, Ајмерик, сите “, додаде Гвардиола.

Се вчитува...