Пеп скрои „отпусна листа“: Две големи ѕвезди си заминуваат од Сити

Манчестер Сити остана без услугите на Илкај Гундоган, кој замина во Барселона како слободен агент. Играчот од средниот ред не го продолжи договорот со „граѓаните“, и се пресели на „Ноу Камп“.

Англиските медиуми откриваат дека Пеп Гвардиола составил листа на имиња кои може да го напуштат Манчестер Сити во овој преоден рок. Едното име можеби е очекувано, додека за другото е големо изненадување.

Едниот од нив е стоперот Ајмерик Лапорт, кој и не добиваше многу шанса во завршената сезона, а Пеп повеќе им веруваше на Диас, Аканџи и Аке. Токму од тука неговото заминување е сосема очекувано и оправдано. Меѓутоа второто име кое се најде на „отпусната листа“ е Бернардо Силва.

Силва беше херојот на Сити во победата над Реал Мадрид во полуфиналето, и пласманот во финалето, а Пеп се реши да му даде одврзани раце да си бара нова средина.

Сити ќе го пушти Лапорт за 25 милиони евра, додека за Силва бара 80 милиони евра. ПСЖ има интерес за Португалецот, и се чини ќе ја плати сумата за да дојде во Париз.

Се вчитува...