Пеп со совет до Тен Хаг: Најди начин да победуваш бидејќи ќе „леташ“

Манчестерското дерби помеѓу Сити и Јунајтед ќе го одбележи 9. коло во Премиерлигата. А, покрај случувањата што престојат на теренот интересни за јавноста во Англија се и коментарите на двата тренери, Пеп Гвардиола и Ерик тен Хаг, некогашните соработници во Баерн Минхен.

Шпанецот е дел од Премиерлигата од 2016 година, додека за Холанѓанецот ова е прва сезона на „Островот“, а поискусниот стратег го советуваше „новалијата“ да најде начин неговиот тим да победува бидејќи во врвните клубови нема време да чекање. Доколку не победуваш, „леташ“.

„Доколку Јунајтед му верува и му даде неколку години да направи свој тим ќе дојдат и резултатите. Не можам да кажам ништо друго. Но, тој знае како и сите ние дека се зависи од резултатите. Јас сум сеуште во Сити бидејќи победувам, да не беше така нема да бидам денеска тука. Ерик го знае тој, тоа го знаат и сите тренери кои веќе не се тука. Во големите клубови нема време за чекање. Ако не победиш си во опасност“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити се наоѓа на втората позиција на табелата пред денешниот дерби натпревар, додека истиот Јунајтед ќе го пречека од шестото место.

Се вчитува...