„Игра како фудбалер од четврта лига. Тој мора да се поправи“. Ова го изјави поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед Рој Кин за формата на Ерлинг Халанд во последно време.
Тој смета дека Норвежанецот не изгледа добро во последно време.
Меѓутоа Пеп Гвардиола го бранеше својот напаѓач, кажувајќи декам сите имаат падови и подеми, и кажа дека не се сложува со Кин.
„Не можам да се сложам со Кин, тоа е како јас да кажам дека тој е менаџер за втора или трета лига, а не мислам така. Ерлинг е најдобар напаѓач на светот, и ни помогна да ги освоиме сите титули минатта сезона. Изненаден сум кога такви работи стигнуваат од поранешни играчи. Тоа е исто како судиите во минатото ги критикуваат сегашните судии“, рече Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА