Манчестер Сити во првиот натпревар во Лигата на Шампионите во 2026 година го очекува гостување кај Бодо/Глимт, натпревар за кој Пеп Гвардиола нема да може да смета на дури 14 фудбалери.
Најголемиот дел од фудбалерите се повредени, но има и такви кои ќе го пропуштат гостувањето во Норвешка поради болест, суспензија и поради фактот дека не се регистрирани за игра.
Фил Фоден, Нико, Савињо, Рубен Дијаш, Оскар Боб, Џон Стоунс, Јошко Гвардиол и Матео Ковачиќ нема да бидат дел од составот поради повреди.
Матеуш Нуњеш ќе ја пропушти средбата поради болест, Бернардо Силва е суспендиран, додека Калвин Филипс, Макс Ајен и новите засилувања Антоан Семењо и Марк Гехи не се регистрирани за настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

