Фудбалерот од средниот ред на Бурнемаут, Хари Артер сосема очекувано тешко се носи со губењето пред една година на штотукуроденото девојче. Името на трагично загинатата ќеркичка Рене, го тетовираше на подлактицата.
„Секој натпревар играм само за неа. Мора да ја направам горда на мене, ако ете случајно ме гледа од небото“ – истакна неодамна Артер.
За среќа, неговата сопруга повторно е бремена овие денови очекувајќи момче. Тоа го знаеше и Пеп Гвардиола кој по победата на Манчестер сити против Бурнемаут дојде до Артер, го прегрна и кратко разговараше со него…
„Ужасно ми е жал за сето тоа што ви се случи претходно. Ви ја посакувам цела среќа на овој свет, и светла иднина да следи за целото твое семејство“ – му рекол Гвардиола на Артер, кој е воодушевен од оваа постапка на Пеп.
„Навистина прекрасно од него. Гвардиола е некој за кого имам огромна почит. За мене е тој најдобар тренер на светот. Му благодарам за се, ова навистина ме трогна“ – рече Артер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА