Пеп за однесувањето на Вокер: Тоа е приватна работа…

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го коментираше однесувањето на неговиот фудбалер Кајл Вокер, откако бил обвинет за недолично однесување во еден паб во Манчестер. Шпанецот кажа дека тоа однесување е „приватна работа“.

Британската полиција отвори истрага против англискиот репрезентативец, кој е обвинет дека Вокер двапати ги соблекува панталоните. Инцидентот наводно се случил минатата недела, еден ден откако Сити го победи Њукасл.

„Тоа е приватна работа. Тоа го решаваме интерно со нив. Ова не е место за разговор околу приватните работи“, рече Гвардиола.

Фудбалерот ги негираше обвинувања и оваа недела тренираше со екипата. Запрашан а тоа дали играчите треба бидат повнимателни во однесувањето надвор од теренот, Гвардиола рече:

„Ситуацијата е сосема поинаква од пред неколку години. Тие тоа го знаат. Кога ќе излезете од дома, морате да знаете дека ќе бидете снимени што и да правите. Тоа е дел од друштвото“, коментираше Пеп.

Се вчитува...