Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали португалскиот фудбалер Жоао Кансело ќе се врати во англискиот клуб, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30. јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона. Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА