Пепе е слободен играч, раскина со Бешикташ

Турската авантура на Пепе прерано заврши откако португалскиот ветеран реши да го раскине договорот со Бешикташ шест месеци порано од предвиденото. Поранешниот ас на Реал Мадрид требаше да остане во Истанбул до крајот на сезонава, но големите финансиски пролбми на Бешикташ придонесоа Пепе да добие „слободна карта“ порано од очекувањата.

Португалците медиуми објавија дека долговите на поранешниот турски првак кон фудбалерите стануваат се поголеми секој нареден месец, па токму затоа челниците на Бешикташ се принудени да се разделат од Пепе, а најверојатно уште од неколку поскапи фудбалери во текот на јануарскиот преоден рок.

Ова практично значи дека португалскиот ветеран е достапен за трансфер без никаква отштета во текот на зимава, а со оглед на квалитетите и искуството на Португалецот јасно е дека тој без проблеми ќе си најде нов ангажман.

Се вчитува...