Пепе нема да потпише нов договор и од 1 јули како слободен играч ќе си замине од Реал Мадрид, но искусниот дефанзивец во последните два месеци неколку пати ги промени своите планови за иднината. Најпрвин се шпекулираше дека неговиот трансфер во Интер е завршена работа, но ветеранот се премисли, седна на маса со ПСЖ и се договори за преселба во Франција.
Договорот требаше да биде потпишан по завршувањето на Купот на Конфедерациите во Русија, но последните информации велат дека Пепе повторно го променил својот став, па сега наместо за ПСЖ ќе потпише за турскиот шампион Бешикташ. Оваа информација ја потврди и еден од главните директори на клубот од Истанбул, Ахмет Булут.
„Точно е, моментно сум во Лисабон и преговарам за трансферот на Пепе. Големи клубови како Интер и ПСЖ се обидоа да го ангажираат, но ние ја завршивме работата. Тој доаѓа во Бешикташ“ – изјави Булут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА