Пепе го постигна водечкиот гол за Реал Мадрид на градското дерби со Атлетико, но Португалецот потоа кон средината на второот полувреме заработи незгодна повреда поради која мораше да го напушти теренот.
Лекарските прегледи потврдија дека повредата е сериозна, поточно станува збор за две скршени ребра поради кои искусниот дефанзивец ќе мора да отсуствува извесно време од терените.
„Пепе има скршеници во делот на седмото и на осмото ребро“ – потврдија од лекарскиот тим на европскиот шампион.
Неофицијално, Португалецот го очекува пауза од најмалку петнаесет дена, што ќе значи дека тој сигурно ќе го пропушти двомечот од ЛШ со Баерн Минхен, а крајно неизвесен е и неговиот настап на големото дерби со Барселона. Проблемите на Зидан се уште поголеми ако се знае дека тој не може да смета ниту на Рафаел Варан, по што ќе биде принуден да го уфрли во стартниот тим Начо како партнер на Серхио Рамос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА