Дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе, ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од сезоната, но неговиот нов клуб е вистинско изненадување. Тој ќе го засили францускиот Пари Сен Жермен, откако се договорил со раководството на клубот за едногодишна соработка.
34-годишниот Пепе имаше понуди да се пресели во Кина, но во последен момент сепак се одлучи да остане во Европа и ќе ја прифати понудата на „светците“ од Париз. Тренерот Унаи Емери сака да има уште еден квалитетен дефанзивец во својот тим за наредната сезона. Пепе оваа сезона се мачеше и со повреди, одигра 18 натпревар во дресот на Реал Мадрид и постигна два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА