Пепе: Не ми е срам да кажам, до 17 години спиев со мојата мајка!

Добро е познато каков „ѕвер“ од фудбалер е репрезентативецот на Португалија и играч на Порто, Пепе. Еден од најтемпераментните фудбалери на денешницата, кој никогаш не се двоумеше да заработи јавна опомена за прекинување на опасните контри и кој често беше исклучуван од натпревари, со специфични информации во интервјуто за „Трибјун експрес“ ја шокираше јавноста.

Светот дозна дека надвор од теренот не може да се каже дека Пепе е истата личност. Она што е комплетно за неверување е неговата изјава дека спиел во ист кревет со неговата мајка се до неговата полнолетност.

„Бев многу разгален. Сè додека не дојдов во Португалија, односно до 17-годишна возраст, спиев со мајка ми во кревет, па замислете само“ – се смееше Пепе, а во исто време ги заинтригира сите присутни.

Татко му, се разбира, не бил задоволен од тоа. Постојано потенцирал дека Пепе е доволно голем за да спие во својата соба.

„Видете, јас веќе бев висок и спиев со моите родители, па претпоставувам дека на татко ми тоа воопшто не му се допадна. Неодамна разговарав со мајка ми и таа се смееше како се до полнолетство сум сакал да спијам со неа и да и ја допирам косата. Јас на тоа и одговорив дека можеби уште тогаш сум знаел дека ќе бидеме разделени долго време, па сум сакал да го искористам секој момент“, изјави Португалецот.

Се вчитува...