Пепе оди во пензија поради казната која го очекува поради инцидентот на дербито?

Дербито во Португалија помеѓу Порто и Спортинг Лисабон заврши без победник 2-2, но на мечот имаше огромна тензија како на теренот, така и на трибините. Имаше и на неколкупати тепачка меѓу двете екипи, а најголемиот хаос се случи на крајот кога имаше и исклучувања.

Еден од оние кои беа  вмешани во мешаниците и скандалите, секако, беше стоперот Пепе, кој е неизоставен дел од сите случувања.

Покрај тоа што симулираше повреда на крајот, Пепе бил вклучен во сериозен инцидент во текот на првиот дел. Наводно Рикардо Есгајо, играчот на Спортинг сакал на судијата да му даде куршум кој го нашол на теренот, и притоа доби жолт картон поради кавга со Пепе, кој, пак, се обидел да го сокрие куршумот и да не го пријави, пишуваат португалските медиуми.

Навосно куршумот стигнал и до делегатот, а ако се покаже исправно, тогаш Пепе може да заработи казна и до две години надвор од теренот. Тоа би значело дека искусниот стопер и некогашен член на Реал Мадрид би заминал во пензија на 38 годишна возраст.

Се вчитува...