Пепе по триумфот над Македонија: Бев премногу тажен, ќе беше неправда да не одиме на СП во Катар

Фудбалерот на Порто и репрезентативец на Португалија, Пепе, кој поради позитивен тест на Ковид-19 не настапи против Турција, синоќа беше дел од наптреварот на кој неговата селекција со 2-0 ја совлада Македонија во финалето на баражот за пласман на СП во Катар.

Португалецот изјави дека би била неправда доколку европскиот шампион од 2016 година не обезбедеше пласман на Мундијалот.

„Бев премногу тажен последните неколку дена. Сите знаете дека не се грижам премногу за себе, но овој пат не зависеше од мене. Ми беше тешко што не играв против Турција, но среќен сум што се опоравив на време и дадов свој допринос Португалија да обезбеди пласман на СП. Заслуживме да одиме на СП, ќе беше неправда доколку не се квалификувавме на Мундијалот бидејќи имаме голем квалитет“, рече Пепе.

По победата над Македонија, Португалија обезбеди пласман на Светското првенство во Катар што ќе се игра во ноември и декември годинава.

Се вчитува...