Досегашниот дефанзивец на Реал Мадрид и португалски репрезентативец, Пепе, пристигна во Истанбул и потпиша двегодишен договор со Бешикташ. Тој имаше понуди и од ПСЖ и од Интер, но на крајот се одлучи да се пресели во Турција и во наредните две сезони да го носи дресот на Бешикташ.
Според договорот, Пепе во турскиот клуб ќе заработува по 4 милиони евра годишно, а за самиот потпис веќе доби 4 милиони евра. Тоа значи дека за две сезони ќе инкасира вкупно 12 милиони евра. Доколку двете страни се задоволни, постои опција за продолжување на соработката и на трета дополнителна сезона.
Раководството на Бешикташ најавува дека наредните денови ќе го доведе и Александар Коларов, досегашниот фудбалер на Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА