Поранешниот шпански репрезентативец Пепе Реина објави дека на крајот од оваа сезона и дефинитивно ќе стави крај на својата богата кариера.
Искусниот 42-годишен голман освои бројни трофеи во кариерата, а последен клуб му е Комо, каде тренер му е поранешниот соиграч од Барселона, Цеск Фабрегас. Реина би можел да добие шанса да брани последен пат в петок, кога Комо ќе го пречека Интер во последното коло од Серија А.
„Многу убавата кариера се приближува до својот крај. Се чувствувам многу среќен поради се што минав. Не го очекував тоа, но мислам дека дојде време да се каже збогум“, изјави Пепе Реина.
Тој ја мина младинската академија на Барселона, потоа и сениорската кариера ја почна во каталонскиот гигант, по што следеше трансфер во Ливерпул, каде остана од 2005 до 2013 година.
Потоа се пресели во Баерн Минхен, по што настапуваше и за Вилјареал, Наполи, Милан, Астон Вила и Лацио. Сезонава тој бранеше на три натпревари за Комо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

