Пепе се врати „дома“

Пепе ги израдува фановите на Порто потпишувајќи договор со својот поранешен клуб, со што португалскиот ветеран реши пред крајот на кариерата да се врати во татковината. Тој беше без клуб откако го раскина договорот со Бешикташ поради финансиските проблеми на турскиот гигант, по што интерес за услугите на 35-годишниот дефанзивец покажаа неколку клубови.

Пепе без размислување го одби Арсенал, потоа водеше неколкудневни преговори со Монако, за на крајот да ја одбие и понудата на Тиери Анри за преселба во малото кнежевство.

Тој потпиша договор со Порто до јуни 2021 година и ќе биде значаен адут во битката за титулата во португалското првенство, но и во осминафиналните пресметки од Лигата на шампионите против екипата на Рома.

Се вчитува...