Бешикташ претрпе пораз на гостувањето против Галатасарај, со што актуелниот првак сега заостанува четири бода во трката за титулата во турскиот шампионат. Згора на тоа, Бешикташ до крајот на сезонава нема да може да смета на услугите на Пепе, по повредата што искусниот дефанзивец ја заработи токму на вчерашното дерби со Галата.
Првичните информации говорат дека станува збор за кинење на мускулот, по што е препорачана пауза од најмалку еден месец. Сигурно е дека тој нема да може да настапи на преостанатите средби до крајот на сезонава, а Пепе ќе се најде и во трка со времето, да докаже дека е здрав и максимално подготвен за настап на СП во Русија што стартува на 14 јуни. Португалија се наоѓа во група со селекциите на Шпанија, Тунис и Иран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА