Пепе загуби и веднаш со неверојатни теории на заговор: Да не се мачиме, дајте им ја титулата на Аргентинците!

Португалија загуби од Мароко во четвртфиналето на Мундијалот во Катар. Искусниот дефанзивец Пепе не можејќи да се помири со елиминацијата веднаш се појави со неверојатни теории на заговор.

Пепе по мечот искажа револт што главен судија на дуелот со Мароко беше Аргентинецот, Факундо Тељо и тоа во момент кога Меси вчера отворено пред јавноста се жалеше на судењето.

Па, Пепе кажа дека титулата може веднаш може да им биде доделена на Лионел Меси и Аргентинците затоа што е очигледно дека ФИФА ги протежира.

„Неприфатливо е тоа што аргентински судија ја делеше правдата на овој меч и тоа само ден по тоа што се случи вчера и сите тие поплаки од страна на Лионел Меси. Од тоа што го видов денеска на терен уште веднаш може титулата да им биде доделена на Меси и на Аргентинците“ – истакна Пепе.

Мароко во полуфиналето ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Франција и Англија, додека во второто полуфинале ќе играат Хрватска и Аргентина.

Се вчитува...