Дефанзивецот на Арсенал, Пер Мертесакер, истакна дека му се ближи крајот на кариерата со тоа што посочи дека неговото тело повеќе не може да ги издржи физичките напори. Гермнаскиот дефанзивец кој во изминатaва сезона ретко се појавуваше на терените, смета дека сега е вистинско време да ја заврши кариерата.
„Моето тело повеќе не може да издржи. Сите ми велат дека треба да уживам во последната сезона и да играм што повеќе, но јас преферирам да седам на клупа, или пак, уште поубаво на трибини. Моментално ми е многу тешко да играм. Пред секој натпревар имам мачнина во стомакот, се повеќе ми е потешко да се подготвувам за ново физичко истрошување. Но, знаејќи колку убави моменти поминав низ кариерата, сето тоа одново би го трпел. Знам дека за прв пат откако сум во мојата трета декада ќе се чувствувам слободен, од моментот кога за последен пат ќе го соблечам фудбалскиот дрес“, истакна Мертесакер.
33-годишниот Германец стана член на Арсенал во 2011 година, пристигна од редовите на Вердер Бремен, а за „топчиите“ одигра вкупно 220 натпревари. Мертесакер беше дел и од репрезентацијата на Германија која го освои последниот мундијал кој се одржа во Бразил, 2014 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА