Женската ракометна репрезентација на Македонија го заврши својот настап на Европското првенство, откако во полседното 3. коло од групата Ц загуби од Романија со 23-31.
Селекторот на Романија, Флорентин Пера по мечот изјави дека е горд на неговите девојки за вториот круг.
„Сакам да и честитам на Македонија за одличната игра. За нас беше тежок меч бидејќи имавме голем притисок. Презадоволен сум како одигравме во второто полувреме. Промашивме многу шутеви во првото полувреме, а македонскиот пивотмен одигра неверојатно. Сепак, горд сум на моите ракометарки за тоа како одиграа и сум среќен за пласманот во главната фаза“,
Слично размислува и голманката Дачиана Хосу…
„Сакам да и честитам на Македонија за големата борба и одличната атмосфера. Сакам да им заблагодарам и на моите соиграчки на кои сум многу горда“, изјави Хосу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА