Перасовиќ: Димитријевиќ одигра феноменално

Тренерот на Уникс Казан, Велимир Перасовиќ после пласманот на неговиот тим во финалето на плеј-офот, го пофали македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ за одличната партија во седмиот натпревар, и победата со која тимот од Казан ќе се бори за титулата во дуели со Локомотив Кубан.

Перасовиќ истакна пофални зборови за Димитријевиќ, кој имаше 24 поени, од кои 18 во последните четири минути од средбата, кога Уникс направи пресврт и на крајот триумфираше.

„Среќен сум за оваа победа, особено за играчите затоа што работевме напорно да дојдеме до ова. Влегувањето во финалето е голема работа за нас. Играта беше тешка, седмиот меч можеше да биде поинаков. Покажавме добра реакција во последните минути и дојдовм е до победата. Димитријевиќ одигра одлично, феноменално. Беше најверојатно најдобриот офанзивен играч во Уникс, но и другите момци одиграа одлично“, рече Перасовиќ.

Се вчитува...