Поразот од Будуќност во Евролигата се покажа кобен за Педро Мартинес, кој доби отказ од функцијата шеф на стручниот штаб на Басконија. Шпанскиот клуб влезе со големи амбиции во оваа сезона, но во првите седум кола забележа само две победи, по што челниците се решија да му врачат отказ на Мартинес и на негово место да го доведат Велимир Перасовиќ.
Ангажманот на Хрватот е логичен избор ако се знае дека тој важи за еден од најуспешните тренери во историјата на Басконија, под чие водство оваа екипа два пати стигнуваше до фајналфор турнриот во Евролигата, во 2006 и во 2016 година. Целта е овој успех да се повтори уште еднаш, ако се знае дека токму Басконија е домаќинот на Ф4 за оваа сезона, но задачата ќе биде исклучително тешка, особено по слабиот старт на сезоната.
Велимир Перасовиќ минатата сезона го водеше тимот на Ефес, но не се снајде најдобро и беше заменет со Ергин Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА