Перез: Да не беше Албанија, Винисиус ќе ја добиеше Златната топка

Говорот на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез на годишното собрание на мадридскиот клуб одново ја отвори болната тема за „кралевите“, изборот на престижната награда „Златна топка“ која за 2024 година заврши во рацете на Родри, а не кај Винисиус Џуниор како што се очекуваше.

Револт кај Перез предизвика и начинот на гласање и тоа кој се гласа во изборот.

„Да ги нема Намбија, Уганда, Албанија и Финска, Винисиус ќе ја добиеше Златна топка. Гласаат луѓе кои не знаат за него. Овие земји не му доделија ниту еден глас. Ниту еден глас. Финското жири после се тоа си поднесе отставка. Тоа го ценам“, започна Перез.

„Мораме да ги прашаме организаторите кои се критериумите, но јасно е дека можат да прават што сакаат. Ме изненадува тоа што, со оглед на тоа дека фудбалот е глобален, новинари од земји со голема популација како што е Индија не гласаат, а од некои други со помалку од милион жители да.

Родриго ја има нашата почит, заслужува Златна топка. Но, не ја заслужи оваа која мораше да му припадне на фудбалер на Реал, било кои критериуми да бидат применети. Требаше да ја земе Винисиус, но можеше да му припадне и на Карвахал. Тешко е да се објасни. Од УЕФА рекоа дека не влијаеле на гласањето“

Се вчитува...