Перез е дециден околу иднината на Анчелоти во Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез му даде поддршка на тренерот на својот тим Карло Анчелоти по елиминацијата од Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Реал Мадрид беше поразен на гостувањето кај Манчестер Сити со 4-0 во реванш полуфиналниот натпревар од елитното натпреварување.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Перез одлучил Анчелоти да го одработи договорот со Реал. Италијанскиот стручњак има договор со кралскиот клуб до 30 јуни 2024 година.

Во Реал Мадрид ќе остане и триото Лука Модриќ, Карим Бензема и Тони Крос, откако Перез по состанок со раковдните лица во клубот се сложиле да им бидат продолжени на уште една година договорите на тројцата одлични фудбалери.

Се вчитува...