Перез: Ферари ќе победеше дури и ако Ферстапен останеше на патеката

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез изјави дека Ферари ќе победел на денешната Формула 1 трка за Големата награда на Австралија и доколку актуелниот светски шампион Макс Ферстапен останел на патеката.

Возачот на Ферари, Карлос Сајнц победи во Мелбурн, пред тимскиот колега Шарл Леклер. Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, мораше да се повлече откако во третиот круг се запалија сопирачките на неговиот болид, со што беше прекината серијата од девет победи на Холанѓанецот.

Запрашан дали Ферари ќе победеше доколку Верстапен не се повлече од трката, Перез одговори:

„Апсолутно да. За жал, немавме темпо денеска. Мислам дека се мачевме од самиот почеток. Видовме дека Ферари и Мекларен беа чекор понапред од нас. Не можевме да најдеме рамнотежа и имаме многу работа пред следните трки“, изјави Перез. 

Се вчитува...