Перез ги смирува страстите: Роналдо останува во Реал

Португалскиот ас Кристијано Роналдо донесе бура во Мадрид веднаш по освојувањето на 13.титула во Лигата на шампионите, со најавата дека можеби ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Оваа вест одекна силно токму во моментите кога фановите на „кралевите“ го славеа новиот освоен трофеј, а ден подоцна претседателот Флорентино Перез ги смирува страстите и порачува дека ѕвездата останува во Реал Мадрид.

„Можам да кажам дека Роналдо има договор со Реал Мадрид до 2021 година и останува во клубот. Инаку, секој има право да го изрази своето мислење. Но, клубот е пред секој поединец и тука нема дискусија. Сега ја славиме новата титула во Лигата на шампионите. Инаку, драго ми е што и Роналдо стигна до својата петта титула во ЛШ, колку што имам и јас од претседателската функција во клубот“, изјави Флорентино Перез.

Роналдо е ’врзан’ со договор во Реал Мадрид до 2021 година. Тој дојде во 2009 година од Манчестер јунајтед и оттогаш на 438 настапи постигна вкупно 450 гола.

Се вчитува...