Перез го загубил трпението со Винисиус: Си оди од Реал Мадрид!?

Шпанските медиуми тврдат дека првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез размислува да го продаде Винисиус Жуниор, откако нема никаков напредок на преговорите меѓу двете страни околу новиот договор на Бразилецот.

„Марка“ тврди дека тоа му е пренесено и на менаџерот на Бразилецот, затоа што Перез е разочаран поради односот на фудбалерот и пристапот кон разговорите со „кралскиот клуб“.

Винисиус, како што е познато, бара неверојатни суми за да остане во Реал, со оглед на фактот дека „во џеб“ има и богата понуда од Саудиска Арабија. Но, „Марка“ пишува дека сето тоа сега може да му се врати како бумеранг ако Перез го загуби трпението.

На последниот состанокот одржан пред неколку дена со менаџерот на Винисиус, Перез во еден момент категорично нагласил дека ќе го продаде Бразилецот доколку продолжат со своите нереални барања.

Се вчитува...