Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, денеска со гордост говореше на почетокот од реализацијата на проектот за изградбата на новиот стадион на најтрофејниот европски клуб.
За изградбата на „Новиот Бернабеу“ шпанскиот фудбалски џин ќе земе кредит од вкупно 575 милиони евра, што ќе го враќа во следните 30-35 години. Сепак, Перез е убеден дека оваа инвестиција повеќекратно ќе му се врати на Реал.
„Ова е местото на кое ќе биде обединета целата историја на клубот, каде уште еднаш ќе се потврди големината на Реал. „Новиот Бернабеу“ ќе биде најдобар стадион во светот, ова е голем предизвик за нас како клуб, но и за целиот град“ – истакна Перез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА