Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез и тренерот Зинедин Зидан влегле во голема расправија поради бразилскиот интернационалец Нејмар.
Имено, Перез сака на „Сантијаго Бернабе“ да го донесе Бразилецот, како би ја пополнил медиумската празнина која ја има со заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус. Зидан не се сложува со одлуката на претседателот сметајќи дека Нејмар не е потребен на тимот, бидејќи го имаат Еден Азар кој со евентуално доаѓање на Бразилецот во Мадрид ќе ја изгуби улогата на лидер во клубот.
Зинедин Зидан трипати по ред ја освојуваше Лигата на шампионите со „кралевите“ пред да го напушти клубот поради недоразбирање со претседателот Перез. Сепак, двајцата успеаја да ги надминат недоразбирањата и Зидан по вторпат седна на клупата на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА