Португалскиот стратег Жозе Мурињо и понатаму е во плановите на претседателот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, откриваат медиумите во Шпанија. Тој планира да го доведе актуелниот менаџер на Манчестер јунајтед по завршувањето на оваа сезона, и да му даде одврзани раце да создаде нови „галактикоси“.
По заминувањето на Зинедин Зидан, раководството на „кралскиот клуб“ има проблеми со тренерската позиција, го именува Хулен Лопетеги кој експресно доби и отказ, а на неговото место седна Сантијаго Солари кој доби договор до 2021 година.
Доколку се остварат овие најави, Мурињо за прв асистент би го имал Чаби Алонсо, кој по завршувањето на кариерата почна со работа во младинската академија на клубот.
Португалецот беше на кормилото на Реал Мадрид во периодот од 2010 до 2013 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА