Перез има план за иден тренер: „Специјалниот“ или светскиот првак на клупата на Реал!?

Реал Мадрид е без тренер по отказот на Чаби Алонсо, кој кратко се задржа на клупата на „кралевите“. Иако многу се очекуваше од него, сепак, епизодата траеше кратко. После поразот во финалето од Барселона во шпанскиот Супер-Куп, тој стана поранешен, а сега улогата на прв тренер ја води Алваро Арбелоа.

Сепак, ниту тој не се прослави на дебито, и загуби од второлигашот Албасете во Купот на Шпанија, и се чини дека Арбелоа ќе биде само привремено решение. Перез веќе размислува за идното решение на клупата.

Едно од решенијата е враќање на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид. Иако беше донесен да ја освојува Лигата на шампионите, сепак, Португалецот не успеа ниту еднаш во неговиот мандат на клупата на „кралевите“ откако претходно тоа му успеа и со Интер и со Порто.

Тој беше дел од Реал Мадрид од 2010 до 2013 година, и има еден трофе во Ла Лига, еден во Купот и еден со Супер-Купот, по што доби отказ во 2013 година. Потоа ги водеше Манчестер Јунајтед, Челси, Рома, Фенербахче, а од неодамна стана дел од Бенфика. Ако Перез инсистира на „Специјалниот“, тој е подготвен веднаш да го напушти клубот, и да седне на клупата на „кралевите“.

Втората желба на Перез е актуелниот аргентински селектор Лионел Скалони. Тој нема големо тренерско искуство, но титулата светски првак од 2022 година му гарантира успешна тренерска кариера. Сепак, проблемот е што тој има актуелен договор со Аргентина, и нема шанси да ја напушти селекција пред завршувањето на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Тоа значи дека Реал ќе треба да го чека до лето ако сака да го види на клупата, а во меѓувреме да му ја довери клупата на некој привремен.

Се вчитува...