Перез: Клубовите поради притисок лажат дека излегле од Суперлигата… Таа ќе биде наскоро формирана!

Голема прашина се крена околу формирањето на новата Суперлига. Голем дел од клубовите потпаднаа под притисокот од јавноста и решија да се откажат од ова натпреварување. Сепак, еден од главните протагонисти, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез вели дека Суперлигата ќе се формира и дека никој нема излезено од неа.

Како што вели тој се е лага, поради притисокот кој го имаа клубовите од јавноста.

„Клубовите потпишаа обврзувачки договор и не можат да излезат од лигата. Некои од нив мораа да излезат и да кажат дека заминуваат поради целиот притисок на овој проект. Но, сметам овој или сличен на него и тоа како наскоро ќе биде формиран. Мораме да го спасиме фудбалот. Доколку остане вака ќе преживеат само клубови на кои се сопственици милијардери или се поддржани од некоја земја. Ако тие почнат да вложуваат голема сума на пари во своите клубови сите ние други ќе пропаднеме“, изјави Перез. 

 

Се вчитува...