Кристијано Роналдо остави дамка на освоената европска круна на Реал Мадрид откако половина час по кревањето на пехарот обелодени дека сериозно размислува за заминување од „Сантијаго Бернабеу“.
„Ми беше убаво играјќи за Реал. Треба добро да размислам за иднината, за неколку дена ќе ја соопштам својата одлука“ – истакна Роналдо, лутејќи ги сите соиграчи бидејќи непотребно го оттргна вниманието од огромниот клупски успех.
Изјавата на Роналдо според јавноста е обид да се изнуди нов договор за повисока плата, но Флорентино Перез не е најубеден дека 33-годишниот ас треба одново да добие повишица како што тоа беше случај при претходните вакви изјави.
„Секогаш многу се зборува за Кристијано, за негово заминување од Мадрид, но тоа никогаш не се случува. Ние имаме цврст договор со него, така што нема никаква причина за загриженост“ – порача претседателот на „кралскиот клуб“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА