Асот на Ред Бул, Серхио Перез заврши на второто место на три од четирите трки на почетокот на сезоната во Формула 1.
Тој во моментов е втор во генералниот пласман зад клупскиот колега и трикратен шампион Макс Верстапен.
Договорот на Мексиканецот со австрискиот тим истекува на крајот на оваа година, а веќе на големо се шпекулира дали ќе остане или некој ќе го замени.
„Искрено, јас сум целосно смирен. Ова е мојата 14. сезона во Формула 1 и презадоволен сум од постигнатото досега. Неочекувано рано оваа година почнаа разговорите за следната сезона. Не брзам, но верувам дека се ќе се знае за еден месец“, изјави Перез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА