Серхио Перез е победник на денешната спринт трка што се возеше низ улиците на Баку, како дел од двојната програма во пресрет на утрешната трка за ГН на Азербејџан. Според правилата, спринт трката трае 17 круга, а бодови освојуваат само најдобрите осум возачи, осум за победникот и по еден помалку за секој нареден возач во генералниот пласман.
Перез одлично се снајде на патеката, успевајќи да заврши пред Шарл Леклер, кој ја имаше пол-позицијата, но на крајот се задоволи само со втората позиција. Третото место му припадна на актуелниот светски првак Макс Ферстапен, кој останува и водечки во генералниот пласман, сега со 13 бода предност во однос на второпласираниот Перез.
Ова беше прва спринг-трка што се вози сезонава во Формула 1, а вакво натпреварувања ќе има уште и во Австрлија, Белгија, Катар, САД и во Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА