Во средата Реал Мадрид беше поразен на гостувањето кај Ливерпул (2:0) во натпреварот од петтото коло во Лигата на шампионите, а Флорентино Перез го искористи гостувањето на „Енфилд“ за да се обиде да договори засилување за „кралевите“. Иако е познато дека Реал го сака Трент Александер-Арнолд, се шпекулира дека тема на разговор бил уште еден играч на „црвените“.
Станува збор за размена која наводно на Флорентино Перез му била понудена од страна на челниците на „црвените“. Така Ливерпул наводно се интересира за Орелиен Чуамени, додека е подготвен на Бернабе да го испрати Рајан Гравенберх, и згора на тоа да плати 30 милиони евра. На Перез му се допаднала идејата, меѓутоа прво сакал да се консултира со своите советници и со тренерот Карло Анчелоти пред да донесе конечна одлука.
Чуамени дојде во Реал како замена за Тони Крос, но не е ниту блиску до игрите кои ги пружаше Германецот во минатото, па се шпекулира дека Реал Мадрид би можел многу брзо да се откаже од него.
Што се однесува до Александер-Арнолд, неговиот договор истекува на крајот на сезоната, и потоа како слободен би можел да го засили Реал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА